Графички дизајнер [ИР]

 

Графички дизајнер 

Краток опис на работното место

Бараме талентиран, мотивиран, хонорарен (фриленс) графички дизајнер за соработка со нашиот дизајнерски тим според потреба. Ќе креирате дизајни за маици, логоа, маски, знаци, постери, налепници и уредување фотографии што ќе се користат во кампањи, веб-страници и печатени материјали. Оваа работна задача бара високо креативна, дисциплинирана и имагинативна личност која може да работи во рамките на нашиот стил и упатство за брендови за да се создаде оригинална и привлечна визуелна содржина.

Квалификации

Нашиот посакуван кандидат има солидно портфолио на успешни дизајн проекти, најмалку основно ниво на образование во графички дизајн и експертско ниво на познавање Adobe Suite и соодветен софтвер за дизајн, како што се Photoshop, Illustrator и InDesign.

Претпочитаме најмалку 2-3 години искуство.

Не е потребно, но предност е ако сте работеле на дизајн проекти за угостителска дејност

Одлични вештини за комуникација и решавање проблематични ситуации

Способност за исполнување на роковите

Плата: од 18 до 22 УСД на час во зависност од конкретниот проект

[ИЛУСТРАТИВНА РЕКЛАМА=ИР]

Share This Post