Најдобрите билки прочистувачи на воздухот во домот

Ако сте ги пробале сите трикови да спиете подобро  (вклучувајќи и медитација), но сепак не се чувствувате пријатно и се  вртите секоја вечер во креветот, можеби вашата спална соба е дел од проблемот. На крајот на краиштата, ако вашата околина не е погодна за спиење, дефинитивно нема да ви биде удобно, без оглед колку и да се трудите. Има една голема работа што може да ви недостасува во спалната соба? Растение.

Така е: Има неколку билки за спални соби што можат да ви помогнат да заспиете полесно. Растенијата за дома не само што го подобруваат целокупниот изглед на просторот — студиите покажаа дека тие, исто така, можат да го зајакнат вашето расположение, да ја подобрат вашата креативност, да го намалат нивото на стрес, да ја зголемат вашата продуктивност, да ви донесат спокојство, да го одржат нивото на влажност во внатрешниот простор, да произведуваат кислород и на природен начин да ги филтрираат присутните загадувачи на воздухот. Може да речете дека растенијата извршуваат повеќе задачи!

Звучи премногу добро за да биде вистина?

Експертите за растенија укажуваат дека одредени растенија ја вршат работата подобро во спалната соба од другите – имено, нивните релаксирачки мириси, својства за прочистување на воздухот и лесното одржување ги прават попогодни за да ви помогнат да го добиете најдобриот сон досега. Еве кои се најдобрите растенија за вашата спална соба:

  1. Змиеста (свекрвина) билка (lat. Dracaena trifasciata, sin. Sansevieria trifasciata)

Змиестата (свекрвина) билка со потекло од тропска Африка е позната собна билка и бара минимално одржување, но една огромна придобивка е нејзиното место на списокот на НАСА на врвните растенија за прочистување на воздухот. Се покажало дека змиестата билка филтрира токсини како бензен, формалдехид, трихлоретилен, ксилен и толуен. Исто така е едно од ретките растенија што го претвораат јаглерод диоксидот во кислород во текот на ноќта; нешто што повеќето домашни билки го прават само во текот на денот. Ова зголемување на квалитетот на воздухот ќе доведе до подобар сон – особено ако сте склони кон алергии.

  1. Свеж (жив) левандер во глинена саксија

Ако некогаш сте дишеле некое есенцијално масло од лаванда и автоматски чувствувавте дека вашите грижи исчезнуваат, ќе сфатите зошто оваа миризлива билка е високо на списокот. Ако има доволно светлина, можете лесно да одгледувате лаванда во затворено. Нејзиното зеленило и цветови се полни со мирисни масла, кои се потврдени како им помагаат на луѓето да се релаксираат, да го подобрат расположението и да заспијат. Меѓутоа, ако одгледувањето лаванда не е можно (зима), сè уште може да се добијат слични придобивки со употреба на сушени лисја под перницата „како малку ароматерапија“.

  1. Златен ползавец (ѓаволски бршлен, lat. Epipremnum aureum)

Билка која се искачува и ползи нагоре. Во природа може да порасне до 20 метри, а како собна билка до 2 метри.  Во домашни услови нема многу работа околу одгледувањето, освен што не толерира директна изложеност на сончева светлина и целосен мрак. Треба да се полева, да се пресадува (како што расте) и да се става соодветно ѓубриво. Во затворен простор, ја намалува концентрацијата на штетни материи, а исто така го презема и формалдехидот, кој го прави безопасен. Така оваа билка е уште еден одличен прочистувач на воздухот и не бара многу светлина. Убави соништата!

  1. Срцелик филодендрон

Оваа лесна за одржување билка со живописни, зелени, лисја во форма на срце е особено ефикасна за апсорбирање на формалдехидот од воздухот во затворен простор. Сувиот воздух во затворен простор може да биде причина за низа заболувања, вклучувајќи проблеми со респираторниот систем, болки во грлото, настинки, па дури и заболувања на кожата. Оваа билка во домот помага да се одржи, а во некои случаи и да се зголеми нивото на влажност со испуштање на водена пареа за време на транспирацијата. Срцеликиот филодендрон дава и голема живописна разгранетост и е одличен за домови со особено високи тавани.

  1. Папрат

Се покажало дека папратот ги филтрира формалдехидот, ксиленот и толуенот. Оваа убава билка се карактеризира со светло зелени листови и напредува во влажна околина – така, идеална е за вашата бања или во текот на летото. Има огромен ефект врз загадувачите на воздухот во затворените простории, така што е добро да се има во вашиот дом.

  1. Зелен лилјан

Зелен лилјан (пајак билка, хлорофитумот, лат. Chlorophytum). Оваа билка го филтрира воздухот, овозможувајќи мирен сон, и дава многу млади розети со воздушни коренчиња што можат да се одвојат од главното растение и да им се подарат на пријателите или да се направат уште залихи за дополнително прочистување на воздухот.

Новите розети во допир со почвата ожилуваат и на тој начин се формираат нови растенија.Хлорофитумот се размножува во секој период од годината со новоформираните розети и со делење на кореновите изданоци. За успешен раст и развој на хлорофитумот е потребна ровка и плодна почва.

Хлорофитумот е доста отпорно растение и успева скоро во секоја просторија. Таа е еден од најголемите прочистувачи на воздухот во домот – едно растение е доволно за 10м2 површина. Омилена е кај сите почетници во одгледување на растенија, бидејќи е многу едноставна за одгледување.

Share This Post