По пауза од пет месеци исплови првиот крузер за крстарење по Медитеранот (видео)

Првиот голем крузер заплови по Медитеранот по пауза од скоро пет месеци како резултат на пандемијата на коронавирус.

Крузерот MSC Grandiosa исплови од Џенова, Италија на седумдневно крстарење и планира да запре во три италијански пристаништа, како и во Валета, главниот град на Малта.

Компанијата MSC Cruises соопшти дека патниците и екипажот биле тестирани за коронавирус пред да се качат.

Крстарењето започна во време кога бројот на заразени лица низ цела Италија расте, а повеќе од 600 нови случаи беа потврдени во неделата. Италијанските власти ги затворија сите ноќни клубови, а носењето маски е задолжително од 18:00 до 6:00 часот на јавни места каде не е можно социјално растојание.

Од MSC Cruises велат дека крузерот ќе биде исполнет со капацитет од 70 проценти, така што се качија 2.500 патници за да се исполнат безбедносните мерки.

Италија е на седмото место на листата кога станува збор за бројот на патници на крстарења откако во 2018 година забележале повеќе од 800.000 патници, пишува Би-Би-Си.

Share This Post