Рангирање на кафе пијалоци според тоа колку се здрави

Кафето на повеќето луѓе им е во крвта и редовно, секојдневно го консумираат во секаква форма и вид: еспресо, американо, макијато, капучино, фрапучино, итн. Но, кога се соочуваме со здравствени проблеми, принудени сме да внимаваме колку и каков вид на кафе пиеме.

Од  диететичарите се бара совет за тоа да го дадат своето мислење и да направат рангирање на секој кафе пијалок според тоа колку се здрави .

Но, прво, едно основно објаснување за едно вакво рангирање: Општо, кафето е здрав пијалок (во умерени количини од две до три средни по големина шољи на ден) со антиоксиданти и потенцијални анти-дијабетис ефекти. Всушност здравствените разлики помеѓу различните пијалоци од кафе доаѓаат од видот и количината на млеко и шеќер во нив, сметаат диететичарите, пренесува Мел Магазин.

Со други зборови, колку повеќе млеко и шеќер содржи кафе пијалокот, толку е помалку здраво. Шеќерот е поврзан со низа болести, вклучувајќи срцеви заболувања, депресија и зголемување на телесната тежина.

Додека високи дози на кофеин, исто така, можат да имаат негативни ефекти – вклучително и зависност, несоница и раздразливост – умерени дози на кофеин всушност можат да ви помогнат да изгубите на тежина. Ова го прави со стимулирање на процес наречен термогенеза, кој ги претвора калориите во топлинска енергија (и објаснува зошто може да започнете да се потите откако имате земено неколку дози еспресо). Но, сепак паметно е ваквите тврдења да ги земаме со извесна резерва и да внимаваме.

1. Црно кафе

Црното (филтрирано) кафе е најздраво, едноставно затоа што не е ништо друго освен кафе и вода. Додека француското пресувано кафе обично има подобар вкус, бидејќи водата доаѓа во целосен контакт со зрната кафе, веројатно не сакате да го пиете премногу често, бидејќи нефилтрираното кафе може да го зголеми нивото на холестерол, слично на домашното (турско) кафе.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2-3. Американо и еспресо (врзано)

Американото е едноставно еспресо разредено со топла вода, прилично слично на црното кафе. Единствените реални разлики помеѓу американо кафето и еспресото се состојат во тоа што последното се меле многу пофино.

Додека 30 грама еспресо содржи приближно 65 милиграми кофеин, а иста количина црно кафе содржи околу 15 милиграми, но никој не пие само 30 грама црно (американо) кафе (а многу луѓе пијат само 30 грама еспресо). Сето тоа значи дека имате поголема веројатност да консумирате поголеми количини на кофеин и додека пиете обично филтрирано црно кафе.

 

4. Макијато

Макијато е еспресо послужено со слој од пенливо млеко одозгора. Поради малиот волумен на млеко што се користи, тоа не е многу помалку здраво од еспресото, но тоа зависи и од видот на употребеното млеко, кое може да биде доста различно. Полномасно млеко, на пример, е значително помалку здраво од соиното млеко.

5. Капучино

Капучиното се состои од една третина еспресо, една третина млеко и една третина пенасто млеко. Тоа дополнително млеко, секако, го става капучиното под макијатото на нашата листа. Но, повторно, одредени видови млека – на пр. соиното млеко – имаат помалку калории, помалку заситени масти и нула канцерогени казеини, во споредба со кравјото млеко. За секој што се плаши од растителни естрогени во соиното млеко, има многу повеќе животински естрогени во кравјото млеко кои имаат поголем ефект врз човечкото тело, објаснуваат диететичарите.

6. Ирско кафе

Ирското (вистинско) кафе е коктел кој се состои од топло кафе, кафеав шеќер и ирско виски, воедно се додава и густ шлаг крем. Обично не се препорачува комбинирање на алкохол со кафе, но мали количини на алкохол може да биде и здраво (иако тоа е предмет на расправа), како и кафето и малата содржина на млеко во овој пијалок.

7. Рамно бело (Флет уајт)

Рамното бело кафе обично содржи повеќе млеко и микро пена отколку капучиното, но помалку млеко од лате кафето, па затоа е на седмото место на нашата листа.

8. Лате кафе

Ова е првенствено кафе пијалок на база на млеко измешано со еспресо, што значи дека содржи повеќе млеко од кој било од пијалоците наведени погоре. Лате кафињата со различен вкус и арома, содржат и повеќе шеќер, за кој веќе знаеме дека нема да ви донесе добро на вашето тело и здравје.

9. Мокачино

Попознато како мока кафе, мокачиното во основа е лате со вкус на чоколадо. Тоа е како кафе од чоколадно млеко, што значи дека содржи многу млеко и многу шеќер.

10. Фрапучино

Фрапучиното е всушност трговска марка на Старбакс компанијата, и во основа е линија на кафе пијалоци измешани со мраз, кои обично се преполни со шеќер, а потоа се дополнуваат со уште повеќе шеќер во форма на шлаг. Поради нивната исклучително висока содржина на шеќер, овие кафе пијалоци се прилично лудо нездрави.

 

Share This Post