Верстапен е победник на јубилејната трка во Формула 1

Возачот на Ред Бул Рејсинг, Макс Верстапен забележа победа на вчерашното јубилејното Гран При на 70-годишнината на Формула 1 на патеката  „Силверстоун“ во Велика Британија.

Холанѓанецот зад себе ги остави возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон со 11,3 секунди и Валтери Ботас со 19,2 секунди заостанување.

За Верстапен ова беше прва победа по пет одржани трки во тековната сезона. 22-годишниот Верстапен ја прекина доминацијата на Мерцедес и нивните четири победи во низа, за да се пробие на второто место во генерален пласман со 30 поени зад шампионот Луис Хамилтон.

Бодови освоија и возачите пласирани од 4-10. место: Леклер (Ферари), Албон (Ред Бул), Строл (Рејсинг Поинт), Хулкенберг (Рејсинг Поинт), Окон (Рено), Норис (Мекларен)и Квајт (Скудерија АлфаТаури).

Во Генералниот поредок на шампионатот во Ф1 и натаму во водство е Хамилтон со 107 бодови, Верстапен е втор со 77, Ботас има 73, Шарл Леклер од Ферари е четврти со 45.

Следната недела ќе се вози шестата трка од Ф1 шампионатот, домаќин ќе биде Барселона и патеката „Каталуња“.

Share This Post