Дали кинеската и германската економија ќе одиграат клучна улога во глобалното пост-пандемско закрепнување?

Кинескиот пазар постана важен двигател на глобалниот раст поради неговата големина и постојаниот пораст, сметаат дел од светските економисти. Пекинг продолжува со напорите за воспоставување пазарно ориентирано, правно засновано и интернационализирано деловно опкружување.

Како најважен дел од кинеската економска политика денес се смета заложбата на кинеската влада да ја отвори повеќе вратата кон светот и покрај потешкотиите кои произлегуваат од кризата со коронавирусот. Отворените пазари се клучни за долгорочниот раст на Кина и со тоа и на остатокот на светот.

Продолжува трендот на зголемување на трговската соработка на европските земји со Кина. Така, на пример, Кина е најголемиот трговски партнер на Швајцарија во Азија и трет по големина на глобално ниво, по Европската унија и САД. Договорот за слободна трговија меѓу двете земји беше потпишан во 2013 година, а стапи на сила на 1 јули 2014 година.

Има се поголем број на европски компании во Кина, кои соработуваат со кинески фирми како клиенти, како добавувачи или како партнери за истражување и развој.

Кина стана првата голема економија која го поврати растот откако коронавирусот започна да се шири низ целиот свет на почетокот на оваа година.

Кина соопшти дека нејзината економија порасна за 3,2% во однос на една година порано во вториот квартал, откако властите постигнаа успех со агресивната кампања за искоренување на вирусот во рамките на нејзините граници. За целиот период од првите шест месеци од годината, кинеската економија се намали само 1,6% во споредба со првата половина на 2019 година.

Националната економија го надмина негативното влијание на епидемијата постепено во првата половина од годината и покажа способност за обновување на растот и постепено закрепнување, соопшти кинеското Биро за статистика.

Според некои економисти, и покрај нивната технолошка доминација, САД и Кина го зголемуваат премногу нивниот долг и нивните влади беа критикувани за злоупотребата на пандемијата. Русија, исто така, има комплицирана економска ситуација, бидејќи претседателот Владимир Путин со години работи да ја оттргне својата земја од надворешниот финансиски притисок, дефанзивен потег повеќе вреден за рапидно де-глобализирачкиот свет.

Многумина во економскиот свет го поставуваат прашањето која земја ќе триумфира во пост-пандемискиот свет? Голем број сметаат дека тоа нема да бидат ни САД ниту Кина и типуваат на Германија како победник.

Германскиот одговор на пандемијата ги истакна нејзините предходно постоечки силни страни: ефикасна влада, низок долг, репутација на индустриска извонредност која го помага нејзиниот извоз дури и кога паѓа глобалната трговија и растечкиот капацитет за создавање домашни технолошки компании, во свет во кој доминираат американските и кинески интернет гиганти.

Додека другите земји се загрижени дека неодамнешните отпуштања од работа може да станат постојани, повеќето германски работници останаа на платниот список благодарение на брзото дејствување на Курзарбејт, вековен владин систем кој им плаќа на компаниите да ги задржат вработените со скратено време во привремените кризни периоди. Германија беше во можност да го засили Курзарбејт – и многу друга социјална помош – благодарение на својата позната економичност и политики на штедење.

Бидејќи Германија влезе во пандемија со владин суфицит, може да ја поддржи својата затворена економија со директни исплати на семејства, намалување на даноците, деловни заеми и друга помош во вредност од 55 проценти од бруто домашниот производ, или приближно четири пати повеќе од пакетот за спасување на САД како дел од БДП. Исто така, беше во можност и имаше заложба, за прв пат, да обезбеди средства и фонд за итен стимул за соседните земји кои долго време се жалеа дека германската скржавост наштетува на целиот континент.

Германскиот план за спасување на економијата вклучува 56 милијарди американски долари за старт-ап фирми, кои можат да ги дигитализираат традиционалните индустрии, користејќи вештачка интелигенција и други нови технологии. Покрај Франција, Германија неодамна објави дека има за цел да создаде европски интернет-облак за да им конкурира на оние на САД и Кина.

Германија е конзервативно општество, но критичарите кои сметаат дека е премногу бавно за промена, се покажа дека грешат во проценките. Во раните 2000-ти, кога Германија беше посочена како „болниот човек на Европа“, таа ги усвои реформите на пазарот на трудот со кои се врати нејзиниот статус како најстабилна економија на континентот. Бидејќи пандемијата го забрзува темпото на дигитализација и де-глобализација и го зголемува долгот на светот, Германија се истакнува со релативниот недостаток на слабост кон тие промени и со влада подготвена да се справи со нив.

Share This Post