СЗО: Светот не е ни блиску до создавање колективен имунитет на коронавирусот

Од Светската здравствена организација (СЗО) велат дека светот не е ни приближно до потребното ниво на имунитет на коронавирусот што би било неопходно за стекнување на колективен имунитет како светска популација, за да се запре пренесувањето на оваа болест.

Колективниот имунитет обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 проценти од населението мора да има антитела за да се спречи епидемија. Сепак, некои експерти сугерираат дека заштитен ефект би имало и доколку најмалку половина од популацијата има имунитет.

Но, од СЗО велат дека не треба да луѓето да живеат со лажна надеж дека ќе се стекне имунитетот на стадото.

Повеќето истражувања спроведени досега утврдија дека само 10 до 20 проценти од луѓето имаат стекнато антитела.

Тоа значи дека голем дел од населението останува подложно на коронавирусот. Во тек се студии за да се документира имунолошкиот одговор на вирусот, да се види колку е силен и колку трае. Од СЗО укажуваат дека се уште нема целосна слика за тоа.

Во ситуација кога е ограничено или затворено половина од светското население, кога економијата има застој на толку многу места, мора да се планира многу високи нивоа на имунитет на стадото затоа што не смее да се овозможи шанса на вирусот, велат од СЗО.

Оттаму додадваат дека светското население ќе остане далеку од имунитетот на стадото „во отсуство на ефикасна вакцина“.

Share This Post