„Епл“ купува нова компанија скоро секој месец

Компанијата „Епл“ купила околу 100 компании во последните шест години, на секои три до четири недели, открива извршниот директор на компанијата Тим Кук.

Епл неодамна го реализира најголемиот квартал според приходите на сите времиња, со 111,4 милијарди американски долари во првиот квартал на својата фискална 2021 година. Извршниот директор Кук на состанокот на акционери изјавил дека аквизициите главно се насочени кон стекнување технологија и талент, пренесува ББС.

Најголемата аквизиција на „Епл“ во последната деценија беше купувањето од 3 милијарди долари на „Битс електроникс“, производител на слушалки основан од раперот и продуцент познат како Др Дре. Друго превземање од висок профил беше компанијата за софтвер за препознавање музика Shazam, за 400 милиони долари во 2018 година.

Најчесто, Епл купува помали технолошки фирми, а потоа ги вметнува нивните иновации во сопствените производи. Еден таков пример е PrimeSense, израелска компанија за 3Д сензори чија технологија придонесе за AppleID FaceID (препознавање на лица).

Во изминатата година, Епл купи неколку компании за вештачка интелигенција (ВИ), бизниси за  настани со виртуелна реалност, стартапи за плаќања и бизниси со подкасти, меѓу другите. Во 2019 година, Епл го купи Drive.ai за системи за самостојно управување на возила, во обид да ги зајакне сопствените позиции во тој сегмент. Во 2016 година, компанијата исто така презеде удел во вредност од 1 милијарда американски долари во кинескиот сервис за изнајмување возила и превоз на патници Диди Чуксинг.

„Епл“ е неизмерно профитабилна компанија чија вредност е повеќе од 2 милијарди американски долари, така што има многу пари за да може да прави аквизиции. Но, мерено според вредноста, аквизициите на Епл се всушност многу повоздржани од оние на нејзините технолошки ривали. Така, Microsoft плати 26 милијарди долари за LinkedIn, Amazon плати 13,7 милијарди долари за Whole Foods и Facebook плати 19 милијарди долари за WhatsApp. Десетте најголеми преземања на „Епл“ сепак би вределе далеку помалку од која било од тие зделки.

Share This Post