Спортска исхрана

Исхраната е важна за сите спортови. Спортскиот нутриционизам е наука за правилна и квалитетна исхрана којашто се поврзува со спортските перформанси. Неговата намена е да се грижи за тоа кој тип и каков квалитет на течности и на храна консумира еден спортист и се занимава со нутриенти како што се витамините, минералите, суплементите и органските супстанци како што се јаглехидратите, белковините и мастите. Иако игра значајна улога во многу спортски тренинг режими, најмногу се применува кај тежинските спортови (како што се кревањето тегови и бодибилдингот) и кај спортови коишто бараат издржливост (како на пример велосипедизам, трчање, пливање)./w/

Share This Post