На денешен ден 19 април

885.- Во Моравија починал Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф – Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители. Ја создаваат глаголицата, првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги. Издигнуваат еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик, формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители. Кирил и Методиј станале најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура. Методија е роден околу 825 година.

Share This Post