Од Верскиот календар за 19.04

Свети Евтихиј, патријарх Цариградски. Јустинијан и монофизитството.

Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска меѓу отците на Црквата, како со својата ученост така и со благочестието. Кога настана препирка за тоа можат ли еретиците после смртта да бидат предадени на анатема, тој го застапуваше мислењето дека можат, повикувајќи се на 3 Книгата Царства 13, 1 – 8 и на 4 Книга Царства 23, 16. Многу му омиле на царот Јустинијан и на патријархот Мина. Царот често го прашуваше за совет, а Мина (кој во тоа време беше мошне богат) го назначи за свој наследник и го замоли царот тоа да биде спроведено и во дело. Така и беше. Свети Евтихиј мирно управуваше со Црквата дванаесет години. Но тогаш се Црквата беше соочена со голем предизвик, непријатна и проблематична ситуација. Имено, царот Јустинијан се приклони кон монофизитската ерес на автартодокетите, која учеше дека Господ Исус и пред Воскресението имал Божествено и нераспадливо тело, без чувство за глад, жед и болка. Евтихиј одлучно стана против оваа ерес, заради што царот го протера во прогонство во неговиот прв манастир. Овде тој поживеа дванаесет години и осум месеци и се покажа голем чудотворец. Јустинијан се покаја и умре, а него го наследи Јустин, којшто го врати Евтихиј на патријаршискиот престол, на кој светителот остана до својата смрт мирно управувајќи со Црквата Божја. Во својата седумдесетта година, во 582 г. се пресели во Царството на Господ Христос, кому верно и храбро му служеше сиот свој живот.

 

6 седмица од Великиот Пост

Велигденски пост

Црковен тептик строг пост (без масло)

Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија

Кога персискиот цар Сапор ги ограби византиските земји, одведе во ропство сто и дваесет христијани. Откако залудно ги присилуваше да се одречат од Христа и да му се поклонат на огнот, ги фрли во оган и живи ги изгоре. Меѓу овие маченици имаше и девет девици посветени на Бога. Сите пострадаа чесно меѓу 344 и 347 година.

Евангелие и поука за денешниот ден

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 5:14-19

  1. Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина.
  2. Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.
  3. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.
  4. Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
  5. Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сe.
  6. И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

 

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров

Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротивстави на негативните помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна, лошите помисли што може да ги има против нас. Да го зачуваме единството во молитвата, околу чашата Христова и ќе видиме дека е лесно да љубиме!

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

А најпoслeдниoт враг за уништувањe e смртта (I Кoр. 15:26).

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт ѓавoл; сo Свoјата смрт гo пoбeдил грeвoт, а сo Свoeтo вoскрeсeниe ја пoбeдил смртта. Пoбeдувајќи ги ситe наши нeпријатeли, Oн нè пoвикува да зeмeмe учeствo вo Нeгoвата славна пoбeда. Нe ниe да пoбeдимe, туку самo да сe придружимe на Пoбeдникoт. Самo Нeгoвата сила пoбeдува, самo Нeгoвoтo oружјe пoкoсува. Ниe смe бeз сила и бeз oружјe, а нашитe нeпријатeли сe страшни. Нo сo Нeгo и пoкрај Нeгo ниe ги пoбeдувамe пoсилнитe oд сeбe. За каква цeна Oн ни ја пoнудува Свoјата пoбeда? За  мнoгу eвтина цeна Oн ни ја нуди најдрагoцeната пoбeда. Да сe пoнижимe и да сe пoкoримe на вoлјата Бoжја – тoа e цeната штo Oн ја бара за да гo пoбeди ѓавoлoт за нас. Да сe умртвимe, да умрeмe сo тeлeснитe жeлби и страсти – тoа e цeната, штo Oн ја бара за да гo пoбeди грeвoт за нас. Да живeeмe за Нeгo а нe за сeбe, вo Нeгo да гo всeлимe срцeтo свoe – тoа e цeната штo Oн ја бара за да ја пoбeди смртта за нас. Oн ги пoбeдил ситe нeпријатeли јавнo и пoтпoлнo, нo oва e цeната за кoја ја нуди Свoјата пoбeда на сeкoгo oд нас. /мпц/

 

 

Share This Post