Новиот изглед на освежениот Range Rover Evoque

Land Rover ја претстави втората генерација на моделот Evoque во 2018 година, и веќе понуди освежување со нови Autobiography спецификации и дизел мотори.

На купувачите им се на располагање два нови 2.0-литарски четирицилиндрични мотори со блага хибридна технологија во форма на батерија од 48 волти и регенеративно сопирање.

Првиот е мотор со ознака  D165, кој развива 163 КС и 380 Nm вртежен момент, заедно со автоматски менувач и погон на сите четири тркала, но купувачите можат да изберат и мануелен менувач, како и погон на предните тркала.

Вториот е помоќен D200 мотор кој испорачува 201 КС и 430 Nm вртежен момент, а емисијата на CO2 изнесува 170 g / km. Оваа верзија на Evoque од 0 до 100 км на час забрзува за 8,5 секунди.

Овие два мотори се придружија на бензинските P200, P250 и P300, како и на плуг-ин хибридот P300e.

Како што се наведува, достапен е новиот најдобар пакет на опрема Autobiography. Тука се и новиот сет на алуминиумски бандаши од 21 инчи, нов систем за филтрирање на воздухот, Матрикс LED светла и кожа Виндзор која се користи во тапацирање на ентериерот.

Share This Post