Пауновски не ги прифаќа сите 35 „рамковно вработени“

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, нема намера да попушти и да го потпише решението за вработување на 35 „рамковно вработени“. Тие на инспекторатот му ги додели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, како дел од К-5 програмата. Овие вработени кои не одеа на работа со години, а земаа плата, сега се распределени по државни институции и по општини.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое е предводено од првиот вицепремиер од редовите на ДУИ Артан Груби, го истурка законот за прераспределба на овие „рамковно ваботени“. Груби очекува дека низ разговор со Пауновски, овие 35 административци треба да бидат прифатени во Државниот пазарен инспекторат.

Но, Пауновски вели дека нема да отстапи од својот став. Тој испратил писма со аргументи и до премиерот, и до вицепремиерот, во кое детално објаснил зошто неговата институција не може да ги прифати сите овие 35 вработени, туку може да прифати само 12 од нив, пренесуваат македонските портали. Како што објаснува, него му даваат 35 луѓе за во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а таму немало потреба од нови вработување, туку во Струмичкиот регион и во источна Македонија.

Тој останува на ставот дека додека тој е директор нема да ги потпише решенијата за вработување на овие 35 лица.

Share This Post