Пајаци-скокачи со четири пара на очи

Пајаци што скокаат (Salticidae) е семејство на пајаци кое според истражувањата до 2019 година, содржи над 600 опишани родови и над 6000 опишани видови, што го прави најголемото семејство пајаци со 13% од сите видови. Тие имаат мошне изострено сетило за вид, еден од најразвиените меѓу сите членконоги и инсекти и го користат за лов, навигација во околината и додворување. Најлесно се разликуваат од другите пајаци по специфичниот распоред на очите. Сите скокачки пајаци имаат четири пара очи, од кои едниот пар (централен) е многу поголем од другите.

Иако претежно се движат ненаметливо и бавно, повеќето видови кои припаѓаат на ова семејство можат да скокаат многу вешто, главно при лов или кога се изложени на ненадејна закана. Белите дробови и душникот во форма на лист кај овие видови се добро развиени и тие ги користат двата органи паралелно за дишење (бимодално дишење).

Share This Post