Колосална статуа на Гуан Ју

Оваа огромна статуа сместена во паркот во градот Џингжу го претставува поранешниот кинески воин и генерал Гуан Ју (?-219). Статуата го прикажува генералот како носи застрашувачко оружје наречено „Меч на зелениот змеј“.

Генералот Гуан Ју живеел во немирен период од времето на крајот на династијата Хан, во кинеската историја познат како период на Трите кралства и служел под воениот господар Лиу Беи, имајќи важна улога во граѓанската војна што доведе до распад на династијата Хан. Голем дел од она што е познато за Гуан Ју е обвиткано со мит. Не само што беше овековечен во еден од најпознатите историски романи во Кина („Романса на Трите Кралства“), Гуан станал обожен за време на династијата Суи, а денес многу Кинези го обожаваат како божество, особено во јужна Кина, Тајван и Хонг Конг како и во дијаспората. Тој е важна фигура во кинеската народна религија, конфучијанизмот, таоизмот и кинескиот будизам, а жртвеници посветени на Гуан често може да се најдат во традиционалните кинески гостилници и продавници. Возвишуван и почитуван за неговата лојалност и правичност, Гуан Ју може да се најде претставен на статуи ширум Кина, но малкумина од нив можат да се споредат со оваа статуа од 58 метри во градот Џингжу.

Share This Post