УЕФА со најава за санкции кон клубовите и играчите кои предлагаат нова Супер лига

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека на клубовите и играчите кои го предложиле формирањето на, како што е наведено, отцепената Супер лига ќе им биде забрането да учествуваат во сите натпреварувања основани од неа, како и да учествуваат на Светското првенство.

Станува збор за најава за формирање на Европска фудбалска лига, која би ја сочинувале дванаесетте најголеми клубови, меѓу кои се Реал Мадрив, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Од УЕФА жестоко ги критикуваат плановите за формирање на Супер лигата, натпреварување кое нема да биде под покровителство на Европската фудбалска унија, но во сопственост на дванаесетте клуба кои планираат да ја основаат.

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон ја поддржаа позицијата на УЕФА.

Супер лигата треба да биде ривалско натпреварување на Лигата на шампионите на УЕФА.

Во новата Супер лига се и англиските клубови Ливерпул, Манчестер Сити, Челси, Арсенал и Тотенхем, како и Барселона и Атлетико Мадрид од Шпанија, а од Италија се приклучија Милан и Интер.

Супер лигата треба да има 15 основачи и 20 екипи, со пет нови кои се квалификуваат секоја сезона. Клубовите ќе делат фонд од 3,5 милијарди евра.

Во Супер лигата засега нема француски или германски клубови.

ФИФА го осуди формирањето на оваа лига надвор од „меѓународните фудбалски структури“, но не беа споменати можни забрани.

УЕФА во соопштението, заедно со англиската, шпанската и италијанската лига, порача дека е подготвена да ги искористи „сите средства“ за борба против отцепената Супер лига и дека клубовите што ги напуштија ќе бидат спречени да учествуваат во домашните фудбалски лиги.

Share This Post