Верстапен победи на Емилија Ромања Гран-при во Формула 1

Макс Верстапен од тимот на Ред Бул победи во Италија за прв пат, додека Луис Хамилтон од Мерцедес заврши на второтото место, а Ландо Норис со болидот на Мекларен го освои третото место. Двоецот на Ферари, Чарлс Леклерк и Карлос Саинц ја завршија трката на четвртото и петтото место.

Макс победи во една хаотична трка на патеката  Имола. Имаше влажно-суви услови, црвено знаме по сударот на Џорџ Расел и Валтери Ботас, а Луис Хамилтон го зголемуваше притисокот и од деветтата позиција се искачи на второто место.  Ова беше втората трка во сезоната 2021 на Формула 1 натпреварувањето, откако Луис Хамилтон победи на отворањето во Бахреин.

Share This Post