Циципас го освои Монте Карло

Грчкиот тенисер Стефано Циципас ја освои титулата на мастерс турнирот одигран во Монте Карло. Циципас во финалето лесно го совлада Русинот Рублев со 2:0, во сетови  6:3 и 6:3.

Ваков расплет на тенискиот турнир во Монте Карло е изненадување со оглед на тоа што Новак Ѓооковиќ и Рафаел Надал го завршија турнирот доста рано. Но, сезоната на земјени терени штотуку започна, па подготовките за Грен слемот во Париз допрва следуваат.

Share This Post