Уште 100 дена до почетокот на Олимписките игри во Токио

И покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата, домаќините на најголемиот спортски настан во светот се подготвуваат за натпреварите што ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Останаа точно 100 дена до почетокот на одложените Олимписки игри во Токио.

Олимпискиот пламен е на пат околу Јапонија и спортистите ширум светот ги зголемуваат своите тренинг-програми, a организаторите на игрите се соочуваат со монументални предизвици.

Најголемата главоболка е возобновениот коронавирус. Земји како Индија и Бразил се борат со нови варијанти и нов пораст на заразени случаи. Продолжувањето на антивирусните гранични ограничувања нарушија многу квалификациски настани.

Првиот човек на Медицинската асоцијација на Токио предупреди дека зголемените инфекции можат да го направат одржувањето на Олимписките игри „навистина тешко“.

На странските гледачи веќе им е забрането да присуствуваат на игрите, кои ќе бидат отворени на 23 јули, но организаторите допрвo треба да одлучат како да се постапи со домашната публика.

Организаторите сепак ветуваат „безбеден и сигурен“ настан. Иако од учесниците нема да се бара да поминат низ карантин или да се вакцинираат, многу земји веќе започнаа да ги вакцинираат членовите на своите тимови, а Меѓународниот олимписки комитет обезбеди дози од кинеско производство за спортистите во земјите без пристап до нив.

Натпреварувачите ќе останат во спортската населба во токиската област Чуо, каде се очекува да се сместат 15.000 луѓе од повеќе од 200 земји и ќе се соочат со редовно тестирање на вирусот ковид-19. Организаторите планираат ангажирање на 126 000 волонтери да асистираат на спортистите и гледачите низ градот.

Share This Post