Факти за имунолошкиот систем

Имунолошкиот систем е биолошки систем кој го штити човечкото тело од патогени микроорганизми. Имено, имунолошки систем на луѓето е верзија на една војска, но на нашето тело: заколната да спроведе одбрана од сите што се закануваат, и надворешни и внатрешни сили. Има неколку навистина интересни војници кои помагаат да се овозможи ова. Нашиот имунолошки систем штити од болести, инфекции и ни помага да се опоравиме по некоја повреда.

Река од крв и лимфа

Имунолошкиот систем е комплексен систем на одбрана кој се напојува со пет литри крв и лимфа. Лимфата е чиста и безбојна течност што поминува низ ткивото на телото. Заедно, овие две течности ги транспортираат сите елементи на имунолошкиот систем за да можат да си ја завршат работата.

Бели крвни клетки

Како бели витези кои напаѓаат змеј, белите крвни клетки (леукоцити) влегуваат во битка на кој било знак на неволја. Постојат два различни типа на бели крвни клетки: фагоцити и лимфоцити.

Фагоцитите (неутрофили, моноцити, макрофаги, мастоцити) можат да се движат низ нашите крвни садови и ткива за да ги проголтаат или апсорбираат напаѓачите. Фагоцитите се насочени кон организмите кои предизвикуваат болести (или патогени) и токсини. Токсините се природен отров произведен од некои организми како форма на заштита. Понекогаш кога фагоцит апсорбира патоген, тој испраќа хемикалија која им помага на лимфоцитите да идентификуваат за каков вид на патоген станува збор.

Патогени од кои имунолошкиот  систем може да се одбрани вклучуваат вируси, бактерии и габи. Секој патоген носи специфичен вид антиген и секој лимфоцит во нашето тело носи антитела наменети за борба против антигените кои ги носат патогените.

Постојат три главни типа на лимфоцити во телото: Б-клетки, Т-клетки и природни клетки-убијци.

Б-клетките создаваат антитела кои напаѓаат бактерии, вируси и токсини кои влегуваат во телото. Т-клетките ги убиваат клетките во телото кои биле освоени од вируси или станале канцерогени. Како Т-клетките, природните клетки убијци уништуваат заразени или канцерогени клетки. Но, наместо да произведуваат антитела, тие создаваат посебен ензим, или хемикалија, кој ги уништува клетките.

Нашето тело создава нови антитела секогаш кога е заразено со нов антиген. Ако истиот антиген не зарази по втор пат, нашето тело може брзо да направи копии од соодветно антитело за да го уништи.

Овие храбри војници живеат само неколку недели, па затоа е добро што ги има многу – една капка крв може да содржи до 25.000 бели крвни клетки. Нормалниот број на бели крвни клетки во крвта е 4.500 до 11.000 на микролитар.

Треската и воспалението се „добри знаци“

Да се има треска и воспаление може да биде мошне непријатно, но тоа се знаци дека нашето тело ја извршува својата задача и работа. Треската ослободува бели крвни клетки, го зголемува метаболизмот и запира размножување на одредени организми.

Воспалението се јавува кога секоја оштетена клетка ослободува хистамини. Хистамините предизвикуваат клеточните sидови да се прошират. Ова создава црвенило, топлина, болка и оток на воспаление. Како резултат, вашето тело ги ограничува ефектите на надразнувачот.

Компоненти на имунолошкиот систем

Постојат две главни компоненти на имунолошкиот систем, вродениот имунолошки систем и адаптивниот имунолошки систем. Вродениот имунолошки систем обезбедува непосреден, но неспецифичен одговор на патогенот. Адаптивниот имунолошки систем се активира од вродениот имунолошки систем и обезбедува специфичен одговор на патогенот. Адаптивниот имунолошки систем може да создаде имунолошка меморија, што значи дека може да запомни како реагирал на патоген во минатото и да го распореди истиот механизам за одбрана.

Луѓето развија вакцини кои можат да го научат телото како да се бори со специфичен патоген и да обезбеди имунитет. Вакцината против сипаници беше во можност да ги искорени вирусите на сипаници.

Спиењето и имунолошкиот систем

Дали трчавте како луд, и одеднаш се разболевте? Тоа е вашиот имунолошки систем кој се одмаздува.

Ако не спиеме повеќе од пет часа навечер, нашиот имунолошки систем може да стане малаксан и снеможен, исто како ние. Ова не остава отворени за настинки, грип и инфекции.

Сонцето е добро за имунолошкиот систем

Изложеност на сончева светлина е начин нашето тело природно да произведува витамин Д. Ова помага да се избегнат низа лоши состојби како што се депресија, срцеви заболувања и одредени видови на рак. Тоа е дури добро и за луѓе со автоимуни нарушувања.

На луѓе со светла кожа им требаат само 10 минути на сончев ден за да го добијат потребниот витамин Д. Сепак, премногу сонце може да предизвика оштетување на нашиот имунолошки систем и на крајот да доведе до рак на кожата. Запомнете дека одредено сонце е добро, но треба да ја заштитите кожата кога планирате да поминете повеќе време надвор на силно сонце.

Експертите за нега на кожата препорачуваат сите луѓе да носат крема за сончање со широк спектар УВА и УВБ заштита, фактор за заштита од сонце (СПФ) 30 или повисок и отпорност на вода. Кога сонцето е многу силно, треба да носиме и заштитна облека, како што се: кошули со долги ракави, долги панталони, капи со широк раб, очила за сонце. Исто така, да останеме претежно во сенка кога сончевите зраци се најсилни, помеѓу 10 и 14 часот.

Стресот го оштетува нашиот имунолошки систем

Стресот има значителен ефект врз нашиот имунолошки систем. За време на стрес, серија настани ослободуваат кортизол, адреналин и други стресни хормони од надбубрежната жлезда. Заедно, тие му помагаат на нашето тело да се справи со стресот. Нормално, кортизолот е корисен бидејќи го намалува воспалението во телото што произлегува од имунолошкиот одговор предизвикан од стрес. Но, ако некое лице е хронично под стрес, стресните хормони можат да влијаат на начинот на функционирање на телото со текот на времето. Ова го зголемува ризикот од здравствени проблеми, вклучително и: вознемиреност (анксиозност), депресија, дигестивни проблеми, срцева болест, нарушувања на спиењето, зголемување на телесната тежина, проблеми со меморијата и концентрацијата.

Важно е да пронајдеме здрави начини да се справиме со стресот. Ова ќе го намали ризикот од долгорочен стрес и неговите здравствени проблеми. Некои добри начини за намалување на стресот вклучуваат: медитација, акупунктура, терапија со разговор, вежбање, здрава исхрана.

Човечки микробиом и здравјето

Микробиом е екосистем од бактерии и други микроби кои живеат на нас и во нас и помагаат да се одржува нашето здравје. Има преку 38 милијарди такви микроби и многу од нив се бактерии, што значи дека има толку бактерии во нашето тело како и човечки ќелии.

Нашиот стомак (абдомен) е исполнет со тони бактерии и други работи кои ќе ни помогнат да ја вариме храната. Но, микробите надвор од нашето тело се сметаат за опасни. Иако можеби дел од ова е вистина, ни требаат тие микроби за да бидеме здрави.

Имунолошки систем може да се прилагоди, па затоа човечките суштества постојат толку долго. Откако нашето тело ќе дојде во контакт со надворешна супстанција, тоа ја напаѓа и се сеќава на неа. Ако се врати, нашето тело знае што да прави. Ова е најочигледно кај сипаниците: една инфекција обично е доволна за да ве заштити цел живот.

Алергии

Секој што доживува сезонски алергии, веројатно сака да ја проколне секоја молекула на полен околу нив. Овие микроскопски честички предизвикуваат ослободување на хистамини, кои создаваат некои непријатни симптоми на алергии.

Алергиите не се јавуваат кај секого. Тие се предизвикани кога нашето тело ќе погреши дека нешто е опасно, како што се поленот, влакнести ситни честички или вид на храна, како патоген. Нашето тело започнува имунолошки одговор против тоа, предизвикувајќи да почувствуваме симптоми на алергија.

Автоимуни нарушувања

Понекогаш нашиот имунолошки систем ги напаѓа ткивата во телото, предизвикувајќи болест. Ова се нарекува автоимунитет.

Имунолошкиот систем на повеќето луѓе се навикнува на сопственото ткиво пред да се родат. Тие го прават тоа со исклучување на клетките што би ги нападнале. Автоимуни нарушувања се кога телото погрешно го напаѓа здравото ткиво. Ова е она што се јавува кај луѓе со автоимуни болести како што се: мултиплекс склероза, лупус, ревматичен артритис, псоријаза. Овие болести се третираат со лекови кои го потиснуваат имунитетот.

Одржување на силен имунолошки систем

Нашиот имунолошки систем работи напорно за да не заштити секој ден, но постојат работи што можеме да направиме за да му помогнеме: – Да се наспиеме правилно и калитетно навечер. Нашето тело не може да функционира правилно ако не спиеме добро. – Да се применува добра хигиена. Миење редовно на рацете може да спречи инфекции. – Да се јаде балансирана храна и да се вежба почесто. Јадењето нутритивна храна и да останеме активни, ќе му помогнат на нашето тело да се спротивстави на инфекциите. /HL/

Share This Post