Здравјето и исхраната

Исхраната е клучен дел од здравјето на луѓето и телесниот развој. Поквалитетната исхрана е поврзана со подобрување на здравјето на луѓето. Правилната исхрана е особено значајна за најнежните како новороденчињата, децата и мајките. Таа е суштински значајна и за посилен имунолошки систем, побезбедна бременост, помал ризик од незаразни болести (како што се дијабетес и кардиоваскуларни болести), но и за долговечност, како кај голем број на случаеви.

Здравите деца учат подобро. Луѓето со подобра исхрана се попродуктивни. Од круцијална важност за луѓето е да создадат можности постепено да ги прекинат циклусите на сиромаштија и глад.

Неисхранетоста, во секоја форма, претставува значителна закана по здравјето на луѓето. Неисхранетост, неправилна исхрана или малнутриција може да се дефинира како неурамнотежен внес на енергија (јагленохидрати), протеини и други нутриенти што доведува до несакани ефекти на ткивата и телесните функции.

Неисхранетоста е многу честа помеѓу постарите лица каде станала многу сериозен проблем и грубите проценки покажуваат дека една третина од Европејците постари од 65 години патат од оваа состојба. Малнутриција не е исто што и потхранетост која е последица на недостаток на јагленохидрати, протеини и други нутриенти. Малнутрицијата не е секогаш во врска со прениската телесна маса. Од малнутриција можат да патат и лицата со пекумерна телесна тежина.

Затоа, денес, како и во минатото, светот сеуште се соочува со двоен товар на неисхранетост што вклучува и недоволна исхрана и прекумерна тежина, особено во земјите каде преовладуваат ниски и средни приходи на луѓето.

Ефективниот начин на внесувањето храна и здравата исхрана се клучни за добро здравје. Паметната исхрана и изборот на храна можат да помогнат и во спречување на болести. Јадењето соодветна храна може да му помогне на нашето тело да се справи поуспешно со постоечката болест. Разбирањето на добрата исхрана и внимавањето на она што го јадеме може да ни помогне да го одржуваме или подобриме нашето здравје.

Share This Post