5G ќе го смени светот, Кина сака да го води патот

Кина не е единствената земја што претендира водство во 5G. САД доминираа во експанзијата на 4G и очекуваат истото да го сторат и сега.

Кина се движи со полна пареа напред со 5G технологијата, едвај забавена од пандемија што го разори светот. Ова е поставување на трка помеѓу Кина и САД. САД го водеше патот со 4G мобилна технологија и сака да ја задржи својата пол позиција во следната генерација на оваа технологија.

5G е следната генерација на безжична технологија што се разгранува низ целиот свет, која ветува дека ќе обезбеди многу побрза безжична услуга и пореспонзивна мрежа. Способноста да конектира и поврзе повеќе уреди и овозможи истовремени повратни информации, се очекува да предизвика големи промена во начинот на кој живееме и работиме, внесувајќи нови достигнувања како самовозечки автомобили.

Земјата што води во развојот на 5G би можела да добие предност во лансирањето и употребата на овие идни технологии. Исто како што САД имаа корист од услугите и бизнисите што произлегоа од 4G – од стриминг на Фејсбук до услуги за споделување на возење како Убер – многумина веруваат дека 5G ќе предизвика слична ренесанса на новите бизниси.

Постои уште една причина зошто и Кина и САД се нестрпливи да водат во оваа област – секое истражување и работа на ова поле на 5G ќе придонесе државите да ја контролираат клучната интелектуална сопственост што ќе влијае на развојот на идните безжични технологии.

2020 година требаше да биде година на 5G распространување. Но, ширењето на новиот коронавирус предизвика одредено успорување на употребата на технологијата оваа година. Новиот коронавирус, кој предизвикува болест наречена Ковид-19, првпат се појави во Вухан, Кина, кон крајот на минатата година. Оттогаш прерасна во пандемија заразувајќи над 12 милиони луѓе низ целиот свет, од кои 3 милиони се во САД. Избувнувањето предизвика блокирање на градовите низ целиот свет, принудувајќи ги деловните активности да успорат, а граѓаните да бидат затворени во нивните домови со недели и месеци.

Но, кога станува збор за 5G, Кина продолжува да се движи напред. Тоа беше прва земја погодена од коронавирусот, но во голема мерка се опорави, со што луѓето се вратија на работа и распоредувањето на 5G мрежата продолжува. Производителот на мрежна опрема Ериксон, во својот последен извештај за мобилност, наведува зголемено користење на 5G технологија во Кина, иако се намалени бројките за Северна Америка и Западна Европа. Мнозинство од 5G корисници и нарачки оваа година ќе бидат во Кина, соопштува компанијата.

Белата куќа, наводно, размислува да интервенира на федерално ниво, нудејќи даночни олеснувања и да бара американски компании да ги зајакнат своите 5G напори. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, исто така, се обиде да ги стави сопирачките на кинеските 5G амбиции, најмногу преку ограничувања за Хуавеј, водечки светски снабдувач на опрема за 5G. Американските власти веќе долго време искажуваат загриженост дека опремата на Хуавеј може да се користи за шпионирање на американските граѓани и нејзините сојузници, па тоа се користи како фактор и аргумент во конкурентскиот натпревар.

Но, најновите потези на владата на САД може да предизвикаат огромна реакција и сериозно да ја намалат можноста за снабдување во светот на 5G технологијата и опрема, а исто така, забавување на развојот на САД и негативно влијание на пазарот.

Но, каде се САД во развојот на 5G ? Секој од најголемите американски безжични оператори распоредува 5G низ САД во разни градови. Голем дел од оваа активност започна во 2019 година, но работите требаше навистина да се зголемат во 2020 година. Потоа, се појави пандемијата на коронавирус. АТ & Т, Веризон и Т-Мобиле во првиот квартал јавија дека имаат успорување во распоредувањето, но ги увериле инвеститорите дека се сигурни во нивната примена на 5Г.

Сепак, не е јасно како пандемијата ќе влијае врз распоредувањето бидејќи случаите на вирус продолжуваат да растат, а државите и локалните власти размислуваат за ограничувања.

Ова е причината зошто Ериксон ги прилагоди своите очекувања во однос на 5G претплати во Северна Америка за остатокот од оваа година. Производителот на опрема предвидува дека 13 милиони луѓе во Северна Америка ќе се претплатат на 5G во 2020 година, што е намалување од претходната прогноза за 16 милиони.

Во однос на услугата, T-Mobile нуди национална  5G мрежа, но е верзија која е само постепено побрза од 4G. AT&T гради слична широка 5G мрежа, но заостанува зад T-Mobile. Веризон инвестираше во супер брз, но супер ограничен 5G на неколку пазари, но исто така планира и побавна, поширока мрежа за втората половина.

Додека распоредувањето на 5G во САД е управувано од приватниот сектор, кинеските аспирации за 5G се водени од владата, вклучувајќи ја и нејзината Иницијатива за појас и пат, која е стратегија за зголемување на својата глобална конкурентност со градење инфраструктура во странство. Владата исто така инвестира во својата иницијатива „Произведено во Кина 2025“ да ја трансформира својата економија од тоа да биде производител на стоки за широка употреба во снабдувач на високо-технолошки производи. Ова вклучува развој на технологија за сè, од електрични возила до паметни телефони и опрема за 5G. Крајната цел е да ги достигне и потенцијално да ги надмине ривалите на Западот.

Белата куќа во голема мерка ја гледаше оваа стратегија, за која Кина не сака да дискутира јавно заради загриженоста од другите земји, како закана за САД и другите глобални економии.

Владината контрола може да се одигра на неколку начини. На пример, безжичните оператори во САД и Кина треба да распоредат тони опрема за пренос на 5G. Ова се претвора во илјадници големи кули за пренос на 5G и десетици илјади антени кои треба да бидат распоредени во локалните заедници и градовите. Кинеската влада е во состојба да го искористи својот авторитет за инсталирање на оваа опрема.

Но, сојузната влада на САД нема иста надлежност или контрола над градовите и локалните заедници. Ова може да го забави процесот на инсталирање на опрема. Федералната комисија за комуникации се обиде да ги измени прописите за да ги спречи општините од потенцијално забавување на процесот. Но, овие регулативи се оспорени на суд, а некои градови едноставно не ги сакаат 5G мрежите.

Кинеската влада инвестираше и огромни суми пари во компании како што е Хуавеј за развој на 5Г технологија, со голем успех. Денес, кинеските компании имаат најголем дел од патентите 5G во светот.

Како се разликуваат политиките на земјите и што значи ова за 5Г? Спектарот, или радио воздушните бранови користени за безжично пренесување од видеата на YouTube до е-поштата, е кравотокот на мобилната мрежа. Тоа е високо ценето средство и сопственост, особено затоа што се зголемува побарувачката за побрзи и се повеќе услуги.

Порано, кинеската влада стави на располагање мешавина од низок и среден опсег на спектар за 5G. Спектар со низок опсег, кои се фреквенции од 600 мегахерци, 800 MHz и 900 MHz, можат да пренесат сигнали на подолги растојанија, да навлезат низ sидовите на зградите и да обезбедат подобро покривање на затворено. Тоа е ист вид спектар што го користат и T-Mobile и AT & T мрежите со подолг опсег во САД.

Спектарот во среден опсег, кој е во фреквенции од 2,5 гигахерци и 3,5 GHz, обезбедува поизбалансирано покривање и капацитет заради неговата можност да покрие радиус од неколку километри со 5G, и покрај тоа што има потреба од повеќе преносни места од опсези со низок спектар.

AT & T и Verizon првично не се фокусираа на овие опсези за 5G и наместо тоа, инвестираа во милиметарски бран спектар – екстремно високофреквентни радио воздушни бранови кои особено нудат подобра покриеност со Wi-Fi пристап.

Некои критичари ја обвинуваат Федералната комисија за комуникации што не реагира доволно брзо за да добијат нови лиценци за спектар со среден опсег за 5G на американскиот пазар. Агенцијата штотуку ја одржува својата прва аукција за спектар со среден опсег спектар за 5G во 3,5 GHz овој месец почнувајќи од  јули, иако многу земји и во Европа прифатија спектар на среден опсег.

Додека во САД премногу време е поминато во дебатирање на политиката за спектарот, Кинезите напредуваат со своите планови да градат околу под-опсегот од 6 GHz среден спектар, кој на долг рок ќе донесе низа технички предизвици, вклучувајќи ја и интероперативност на мрежата и уредите, како и загриженоста за дата безбедноста на американските оператори.

Постојат голем број на прашања и проблеми. Ќе произлезат финансиски трошоци ако Кина доминира во 5G. Затоа што, како што видовме со 4G, која и да е земја која води во развој и распоредување на најновата технологија, ќе има поголем економски раст како резултат од таа технологија. И тоа не се однесува само на технолошка и економска моќ, туку и на геополитичка моќ.

Следната индустриска револуција што ќе придонесе за развој на вештачка интелигенција, големи дата бази и интернет на нештата, ќе биде многу зависна од 5G мрежите. Победникот во 5G потенцијално би можел да биде победник во овие други области и на тој начин да има огромна моќ и влијание низ целиот свет.

И на тоа се гледа како сериозен ризик за национална безбедност на САД. Постојат американски официјални претставници кои веќе ги слушаат алармите во однос на националната безбедност од кинескиот производител на телекомуникациска опрема Хуавеи, кој е светски лидер во 5G технологија.

Едно од поголемите работи што ги направија САД се ограничувања за кинескиот Хуавеј. Трамп и неговата администрација веќе забранија употреба на производи и апликации на Хуавеи во националните комуникациски мрежи, со обвинувања дека компанијата украла тајни и е ангажирана во евентуална шпионажа за кинеската влада. Компанијата постојано ги негираше овие тврдења.

Сепак, компанијата признава дека ги разбира загриженоста на политичарите за сајбер безбедноста. Но, компанијата потенцира дека оваа загриженост владата на САД треба да ја има со кој било главен снабдувач на опрема 5G, вклучувајќи опрема направена од други добавувачи, како што се „Ериксон“, „Нокиа“ и „Самсунг“, сите од нив исто така се со седиште надвор од САД. Директорите на Хуавеј велат дека треба да има сеопфатен пристап за заштита на 5G комуникациските мрежи.

Американската влада го засили притисокот врз Хуавеј минатите два месеци кога Министерството за трговија издаде нови правила за извоз кои во суштина ќе го намалат пристапот на Хуавеј до полупроводнички чипови што му се потребни за изградба на мобилни телефони и 5G инфраструктура. Новите правила забрануваат производителите на чипови, од кои повеќето се со седиште во Јужна Кореја и Тајван, да користат американски машини и софтвер за производство на полупроводници за Хуавеј. Овие правила ја затвораат вратата што им дозволуваше на производителите на чипови да продолжат да продаваат на Хуавеј доколку нивните компоненти и дизајни се произведени надвор од САД.

Зошто САД конкретно ја таргетираат Хуавеј? Хуавеј е еден од најголемите производители на опрема за 5G, а неговата технологија се смета и за најнапредна. Исто така, тоа е вториот најголем производител на паметни телефони зад Samsung.

Но, експертите за национална безбедност исто така веруваат дека компанијата, која е основана во 1987 година од поранешен офицер на кинеската народноослободителна армија, сè уште има блиски врски со кинеската влада. И овие експерти, во кои се вклучени директорите на ЦИА, ФБИ и Националната агенција за безбедност, сведочеа пред американскиот Конгрес, велејќи дека тие веруваат дека Хуавеи би можел да спроведе „неоткриена шпионажа“, ако нејзината опрема се користи во американските мрежи користејќи ги можностите во својот софтвер, за шпионирање на САД и нејзините сојузници.

Хуавеј во неколку наврати ги негираше овие тврдења и тврди дека не е продолжена рака на кинеската влада. Но, американските службеници за разузнавање го цитираат кинескиот закон за национално разузнавање, со кој се бара сите компании да ги почитуваат барањата на Комунистичката партија за да ги пренесат и достават податоците. Исто така, се верува дека постои долга историја на хакери поддржани од кинеската влада, кои крадат интелектуална сопственост од западните компании.

Ова е токму она за што Министерството за правда на САД го обвини Хуавеј во 2019 година, во кое се тврди компанијата ангажирала инженери во објектот на Т-Мобиле во Белви, Вашингтон, за да украде опрема и трговски тајни. Повторно, компанијата негираше какво било дело.

САД исто така вршат притисок врз другите земји да го забранат Хуавеј. Досега, само пет други земји ги следеа САД во забраната на Хуавеј во нивната комуникациска инфраструктура: Јапонија, Тајван, Виетнам, Австралија и Нов Зеланд.

Други сојузници на САД, како Франција, Германија, Италија, Холандија и Велика Британија, рекоа дека планираат понатаму со распоредувањето на Хуавеи 5G опрема, но со некои ограничувања. Одлуката на Велика Британија во јануари да продолжи понатаму со Хуавеј беше сериозен удар за администрацијата на Трамп, која лобираше Велика Британија да го задржи Хуавеј надвор од својата мрежа.

Но, сега Франција и Велика Британија, можеби ќе се преиспитаат. Претходно минатите недели, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, сигнализираше дека неговата влада може да го смени ставот кон Хуавеј и да се приклучи кон понатамошно ограничување на улогата на кинескиот телекомуникациски гигант во градењето на британската мрежа 5G. Исто така, има извештаи дека француската агенција за национална безбедност препорачува француските телекоми да избегнуваат опрема од кинеската компанија, без да ја забранат технологијата целосно.

Други земји, како Индија, исто така, посочија дека може да стават ограничувања во користењето на опрема за пренесување од компанијата во нивните 5G мрежи.

Да, експертите велат дека постои значителен ризик за каналот на снабдување со 5G, што може да го забави развојот на технологијата и на производите. Уште повеќе, стратегијата би можела да го раздели развојот на стандарди, пред се во однос на појава на некомпатибилни технолошки патеки за 5G, слично на она што го видовме со 3G.

И ако Хуавеј е во можност да го повтори она што го стори во 3G и 4G, со 5G може да излезе на врвот. Хуавеј направи име за себе како евтин давател на услуги. Доколку е во можност тоа да го стори со опрема од 5G, операторите кои користат негова опрема на места како Кина ќе можат да испорачаат ниска цена на 5G услуга, која ќе продолжи да влијае на пошироко усвојување.

Share This Post