Нападот врз новинарите и снимателите ќе се квалификува како напад врз службено лице

Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски  најави дека преку измените на Кривичниот законик нападот врз новинарите ќе се третира како напад врз службено лице, за што се предвидени затворски казни.

 – Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда веќе се направени и пратени во Владата на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање, укажа Видиновски за емисијата „25 Минути“.

 Според Видиновски во измените на законот покрај новинарите, се вметнати и медиумските работници, односно и снимателите.

Share This Post