23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Денеска се прославува Денот на македонската национална борба – 23 октомври, државен празник посветен на Македонската револуционерна организација (МРО) основана во Солун, која подоцна ќе биде преименувана во Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО). Имено, на 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун се состанале Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев кои ќе ги постават основите на организацијата која ќе стане симбол и знаме на борбите на македонскиот народ и народностите во Македонија за национална слобода.

Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско национално револуционерно движење кое потоа, преку многубројни револуционерни акции, преку Илинденското востание, Крушевската Република и Народно-ослободителната војна ја создаде независната и самостојна македонска држава.

Share This Post