На денешен ден 19 април во светот

1770. – Британскиот истражувач Капетан Џејмс Кук прв пат ја здогледува Австралија. Стигнувајќи до југоисточниот брег на Австралија на 19 април, неговата експедиција стана првите регистрирани Европејци што дошле на источното крајбрежје на Австралија.

1772. – Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски економист, главен претставник на англиската класична школа. Давид Рикардо даде систематизирана и класична форма на растечката општествена наука за економијата во 19 век. Најпознато негово дело е „Принципи на политичката економија“. Починал во Лондон, на 11 септември 1823 година.

1995. – Во она што беше најтешкиот терористички акт во историјата на САД до тоа време, камион-бомба, поставен од Тимоти МекВеј, за малку целосно ќе ја уништеше федералната зграда Алфред П. Мурах во градот Оклахома, убивајќи 168 и ранувајќи повеќе од 500 лица.

2011.- Фидел Кастро поднесе оставка од Централниот комитет на Комунистичката партија на Куба по 45 години како носител на титулата.

Share This Post