Отпуштен и последниот ковид-пациент од болниците во Пекинг

Последните преостанати пациенти со коронавирус се отпуштени од болниците во кинеската престолнина, каде имаше карантини кои наликуваа како за време на војна, пред само два месеци.

Во ниту една болница во Пекинг сега не постои случај на Ковид-19, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Последните двајца пациенти, кои биле лекувани во Дитан болницата во Пекинг, биле пуштени дома пред два дена.

Нема регистрирано нови случаи на заразени или асимптоматски случаи во кинескиот главен град, каде живеат 21,5 милиони луѓе.

Исто така, не се регистрирани нови случаи на Ковид-19 во целата држава. До вторникот се регистрирани 15 инфекции со потекло од странство. Досега во земјата има пријавено скоро 90.000 случаи и над 4.700 смртни случаи, пренесува Раша Тудеј.

Првите случаи на Ковид-19 беа откриени во Даксинг, една од областите на Пекинг, на почетокот на јануари, при што вирусот брзо се прошири низ главниот град. Градските власти воведоа строги ограничувања, најпрво сметани за драконски, кој беа на сила до летото, кога постепено беа укинувани.

Но, во Пекинг во средината на јуни беше откриен нов кластер на случаи на Ковид-19 на локалниот пазар за храна. Веднаш беа превземени строги мерки за контрола и ограничувања во целиот околен округ, бидејќи властите стравуваа од враќање на пандемијата.

Засега, постојат знаци дека главниот град успешно се справува во сузбивањето на коронавирусот. Властите неодамна ја укинаа долгата наредба да се носат маски на јавни места, и на фирмите, училиштата и местата со поголема фреквенција им е дозволено да работат како и вообичаено.

Share This Post