Руски вицепремиер: „Северен тек 2“ ќе биде завршен оваа година

Гасоводот „Северен тек 2“ ќе биде готов оваа година, одговори потпретседателот на руската Влада, Александар Новак на новинарско прашање, а според информациите на операторот на проектот, компанијата „Норд стрим 2 АГ“.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два краци на гасоводот, чијшто вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

САД, кои сакаат да го продадат својот течен природен гас на ЕУ, активно се борат против изградбата на гасоводот „Северен тек 2“. Соединетите држави воведоа санкции за гасоводот во декември 2019 година, како резултат на што швајцарската компанија „Олзис“ беше принудена да ги запре работите за поставување на цевките.

Share This Post