Шовин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд

Дерек Шовин, поранешен полицаец од Минеаполис, беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението за убиството на Џорџ Флојд.

Шовин (45) беше прогласен за виновен за убиство од втор степен, виновен за убиство од трет степен и виновен убиство од небрижност од втор степен.

Флојд почина во март минатата година, откако Шовин го притисна со колено на грлото, иако му рече дека не може да дише.

Неговата смрт предизвика големи протести и реакции на граѓани ширум Соединетите Американски Држави, против полициската бруталност.

Судењето траеше три недели, а поротниците се советуваа повеќе од 10 часа во текот на два дена за да се донесе пресуда.

Share This Post