Ширум светот се употребени повеќе од 904 милиони дози на Ковид-19 вакцини

САД водат во вакцинацијата против Ковид-19 со над 209 милиони дози, но Израел даде најмногу според бројот на жители. Досега се дадени повеќе од 904 милиони дози вакцини ширум светот за да се обезбеди имунитет против коронавирусот.

После САД, следат Кина со 193.130.000 дози, Индија 123.850.000 дози, Велика Британија 42.780.000, Бразил 32.950.000, Германија 21.950.000 и Турција со 20.284.000 дози, пренесува агенцијата Анадолија.

Израел има дадено најголем број на дози на вакцини на 100 лица во однос на вкупната популација. Во таа земја, каде што бројот на употребени дози на вакцини го надмина населението, бројот на дози на 100 лица е 119,32.

По Израел следат Сејшелите со 114,09 дози, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 97,37, Чиле 68,84, Бахреин 63,32 дози. Сан Марино 63,03, Велика Британија 63,02, САД 62,61, Малта 62,20, Бутан 62,02, Монако 58,49 и Малдиви со 57,97 дози за секои 100 луѓе.

Според дистрибуцијата на вакцини по континенти, Азија е на прво место со 411.390.000 вакцини, по што следува Северна Америка со 237.350.000 и Европа со 178.970.000 вакцини.

Континентите и регионите на јужната хемисфера значително заостануваат зад регионите на северната хемисфера. Извор: Агенции

Share This Post