Убавините на Берово

Сместено во источниот дел на Македонија, во Малешевската котлина со површина од 595 км., се наоѓа малото градче Берово и неговата околина кои изобилуваат со природни убавини и раритети, богатото културно и историско наследство, што привлекува бројни туристички посетители. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и неговото име Малеш – планина, а општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на котлината. Прекрасниот пејсаж на Берово е надополнет со несекојдневната убавина на Беровското Езеро. Народната традицијата љубоморно се негува. Целото ова природно и културно богатство се нуди во форма на незаборавен алтернативен туризам. Берово веќе е препознатлив како сакана и значајна туристичка дестинација.

Поглед кон Беровското езеро
Плоштадот во Берово
Туристички капацитети
Природен пејсаж
Патеки во природа
Манастирска црква Св Архангел Михаил

 

Share This Post