Чикама бранови (+видео)

Бранот Чикама е заштитен со државен закон во Перу, законот забранува градење на километар од местото на брановите за да се избегне влијание и уништување на нивната форма.

Малабриго, кое неофицијално се нарекува Пуерто Чикама, е пристаниште и мало крајбрежно гратче во северозападен Перу. Растојанието од „точката“ до „пристаништето“ кај Чикама е околу 2,2 км, за што локалното население тврди дека се поминува на еден бран, иако целиот крајбрежен дел врз која се кршат брановите, до најзападниот крај, е долг 4 км . Со тоа, Пуерто Чикама е дом на најдолгиот, најсовршен бран во светот, атрактивен особено за сурферскиот спорт.

 

Share This Post